„Претходните денови имаше некои сомнежи поради изјави од словенечката страна околу тоа дека Словенија како претседавач мора секако да има одредено разбирање и ја става и ја сфаќа позицијата на државите-членки“, вели словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан, за дневникот на ТВ Сител.
Според него, тоа не значи дека ако имаш разбирање значи дека се согласуваш со тоа.
„Ние сакаме да го решиме проблемот. Имаме некоја основа, на маса се неколку предлози, вклучително и португалскиот предлог“, рече Предан, додавајќи дека ќе работат токму на тој предлог, затоа што тоа е заедничка оценка на сите држави-членки на ЕУ и на Американците.
„Со португалскиот предлог, позицијата на идентитетот и јазикот на Македонците се загарантирани“, додава Предан.