Ѓоковиќ по седми пат во финалето на Вимблдон: Против Беретини за историја

од Nikola Popovski
273 прегледи

Новак Ѓоковиќ повторно е во финалето на Вимблдон! Најдобриот тенисер на светот во полуфиналето го победи младиот Канаѓанец Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:5, 7:5.

Србинот ќе го игра финалето на Вимблдон третпат по ред, што ќе биде негово седмо финале. Ѓоковиќ по 30-ти пат ќе се бори за титулата на Грен слем турнирите.

Новак ја постигна 20-та победа во низа на терените на „Ол Ингланд“ клубот, а му недостасува уште една за да стигне до третата последователна титула.

Ѓоковиќ годинава во Лондон ги совлада Дрејпер, Андерсон, Кудла, Гарино, Фучович и сега Шаповалов.

Матео Беретини го чека во финалето. Србинот води со 2: 0 во меѓусебните дуели со Италијанецот. Тие последен пат се сретнаа во четвртфиналето на Ролан Гарос оваа година, а Новак славеше по четири сета.

Слични содржини