Новак ги загрижи навивачите, откри два здравствени проблеми

од Nikola Popovski
219 прегледи

Новак Ѓоковиќ го совлада Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:5, 7:5 и се пласираше во финалето на Вимблдон, но сепак по завршувањето на мечот откри дека имал и некои здравствени проблеми.

Српскиот тенисер ја продолжи својата серија од 20 последователни победи на Вимблдон и 20 последователни победи на сите грен слем турнири оваа сезона.

После натпреварот ги загрижи навивачите кога откри дека има мали здравствени проблеми.

Тој откри дека страдал од стомачни проблеми, но и дека имал вртоглавица.

„Имав проблеми со стомакот последниот ден и половина, а тоа ме вознемири на почетокот на натпреварот. За време на првите два сета се чувствував малку тешко, но на крајот на третиот се чувствував подобро.Тоа не е изговор, имаше такви околности. Имав и малку вртоглавица“, објасни Новак.

Новак не е многу задоволен од начинот на кој победи, па посочи дека треба да поправи некои работи.

„Имав слаб ритерн. Шаповалов одигра одлично и незгодно е да се игра против таков противник. Сепак, за стандардот и квалитетот на мојот ритерн што обично ги давам, ова беше далеку под просекот. Ќе работам на тоа и се надевам дека ќе се чувствувам малку подобро и ќе можам да играм на повисоко ниво затоа што така мора“, додаде Новак.

Слични содржини