Американската актерка Шерон Стоун ужива во врска со момче кое е 38 години помладо од неа, раперот РМР, пренесуваат странските медиуми.
Според нив, овој пар гради врска веќе неколку месеци, а за сето тоа сведочат бројните меѓусебни лајкови меѓу двајцата, објави „IDJTV“ за странските медиуми.
Сепак, тоа не е единственото нешто што докажува дека тие се во врска, затоа што неколку недели излегуваат во клубови во Лос Анџелес, а биле видени заедно на многу популарни места.
Неодамна се појавија докази, кога се појави фотографија каде тие поминуваат време заедно.
Познатата актерка е со раперот РМР на фотографијата, каде е облечен целиот во црно со маска на лицето и се гледаат само неговите златни заби и очи, со цел да го сокрие неговиот идентитет.
Конечно има доказ за тоа, имајќи предвид дека биле фотографирани во еден клуб заедно.
View this post on Instagram
Според пишувањата на медиумите, тие имале добра вечер и се забавувале во клубот, а пријател на раперот ја негирал љубовната врска на парот и изјавил дека РМР само навистина ја цени Шерон Стоун и тоа е сè.