249
Министерството за здравство соопшти дека привеле девет лица во угостителски објект во Тетово.
-На 10/11.07.2021 година во времето од 23,50 до 01,00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово. При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ, информираат од полицијата.
Од таму додаваат дека лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.