Денес, на 26-годишнината од масакрот во Сребреница, претседателот на Косово, Вјоса Османи Садриут, изјави дека „постои само една вистина: геноцид се случи во Сребреница и сите треба да го прифатат тоа и треба да се памети засекогаш“.
„Нека биде вечен споменот на повеќе од осум илјади масакрирани во Сребреница!“, истакна Османи.
Таа оцени дека светот го памети масакрот во Сребреница денес, кој, како што истакна, е „невидено варварство на геноцидните сили на режимот на Милошевиќ“.
„Денес заедно ја споделуваме болката на мајките во Сребреница. Сребреница е нашето ново сеќавање и поука дека неказнетите злосторства се основа за нивно повторување“, напиша Османи на Фејсбук.
Таа изјави дека никој не ја знае болката во Сребреница подобро од Косово заради „масакрите во Рачак, Меја, Поклек, Преказ“, кои се „дел од истата болка и искуство како и многу други масакри во различни делови на Косово“.
„Пред неколку дена, Собранието на Република Косово ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, со која Косово го осудува геноцидот организиран и извршен од геноцидните сили на српскиот режим на Милошевиќ“, потсети претседателот на Косово.