375
Лиса Транел стана хит на „ТикТок“ откако многумина забележаа дека неверојатно личи на актерката Џенифер Анистон.
На неодамнешното видео што го објави на таа платформа, Лиса имитираше сцена од серијата „Пријатели“ во која ја има Рејчел Грин. Корисниците на ТикТок не можеа да не ја забележат сличноста со познатата актерка.
„Навистина мислев дека ова е Џенифер Анистон“, гласеа дел од коментарите.
Лиса за целата ситуација се огласи на Инстаграм.
– Последните неколку дена беа луди. Моето видео од ТикТок стана вирално бидејќи сите мислат дека изгледам како Џенифер Анистон. Лично, мислам дека не личам на неа, а ниту моето семејство не мисли така – навела Лиса.