186
Медицински тимови од ЗД Пробиштип, рано утрово започнаа вакцинација во село Турско Рудари. Заинтересираноста на жителите е голема, а процесот на вакцинација се одвива одлично, информиршае министерот за здравство Венко Филипче.
-Апелирам до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата. Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на територија на цела држава, медицински екипи ќе го посетат секое село, рурално населено место, населба, напиша Филипче на Фејсбук.