Министерството за социјални работи разгледува стратегии што би ги натерале Австријците да бидат вакцинирани против коронавирус што е можно помасовно поради ширењето на делта сојот.
Еден од предлозите е вакцинирање на гробиштата под мотото „имунизација наместо лежење на ова место“.
Идејата е вакцинација да се спроведе и во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да бидат имунизирани, како и да се отвори „драјв тру“ за возачите на скутери и велосипедистите.
Исто така, се разгледува и акција за вакцинација во општински згради, летни кина, на базен, на ридови.
Веќе подолго време има идеи вакцинацијата да се спроведува на места каде што има млади луѓе, па така се спроведува кампањата и преку социјалните мрежи.