Епидемиолог на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека е шокирана од толпата навивачи без маски кои пеат и врескаат за време на финалето на Евро 2020 и изрази загриженост дека ова може да го зголеми пренесувањето на ковид, вклучувајќи го и делта сојот.
Британија, и покрај една од највисоките стапки на вакцинирани во светот, се соочува со нов бран на короната активиран од многу позаразниот делта сој на вирусот. И покрај тоа, Лондон на 19 јули објави укинување на повеќето преостанати епидемиолошки мерки, што предизвика загриженост кај некои научници.
Во невообичаено директен коментар на здравствената агенција на ООН, која обично се воздржува од коментари за политиките и практиките на земјите-членки, техничката директорка на ковид тимот на СЗО, Марија ван Керхова, коментира дека глетката на повеќе од 60.000 навивачи на мечот Италија-Англија е „поразително“, пренесе „Ројтерс“.
Am I supposed to be enjoying watching transmission happening in front of my eyes?
The #COVID19 pandemic is not taking a break tonight… #SARSCoV2 #DeltaVariant will take advantage of unvaccinated people, in crowded settings, unmasked, screaming/shouting/singing. Devastating.
— Maria Van Kerkhove (@mvankerkhove) July 11, 2021
„Дали треба да уживам во тоа што болеста се шири пред моите очи?“, наведе таа на Твитер за време на натпреварот. „Пандемијата на ковид 19 не направи пауза вечерва. Делта варијантата на SARSCoV2 ќе ги искористи невакцинираните луѓе во толпата, без маски кои викаат/пеат/врескаат. Поразително“.
Претходно, британскиот премиер Борис Џонсон ја оправда својата одлука да дозволи присуство на повеќе од 60.000 луѓе на последниот натпревар, наведувајќи дека сè е организирано „внимателно и контролирано и дека сите што одат таму ќе бидат тестирани“.
Џонсон исто така изјави дека вакцините создаваат „огромен ѕид на имунитет“.