Атлетико донесе освојувач на Копа Америка за 35 милиони евра

од Nikola Popovski
296 прегледи

Аргентинскиот фудбалер Родриго Де Пол е новиот играч на Атлетико Мадрид.

Де Пол неодамна ја освои Копа Америка со Аргентина и сега им се приклучи на редовите на мадридскиот гигант.

Атлетико за него издвои 35.000.000 евра, кои ќе „легнат“ на сметката во Удинезе.

Де Пол потпиша договор до 2026 година.

Неговото доаѓање значи дека Саул Нигез ќе мора да го напушти стадионот „Ванда Метрополитано“.

Слични содржини