Министерството за внатрешни работи информира дека трага по четири лица кои успеале да украдат цел банкомат од супермаркет во населбата Аеродром.
Вчера околу 04.00 часот во Полициска станица Аеродром, В.Н. пријавил дека четири лица со употреба на сила влегле во маркет на подрачјето на Аеродром и одзеле банкомат, стои во полицискиот извештај.
Засега нема детали од која банка бил поставен банкоматот, каде се наоѓал точно маркетот и колку пари имало во него.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.