Започна првиот мултимедијален фестивал во селото Љубојно – „Преспаленд 2021“

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

Со одбележување на првиот час по македонски јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во селото Љубојно, во саботата започна првиот мултимедијален фестивал во овој регион- „Преспаленд 2021“.

Традиционалниот базар и локалните гурмански приказни беа надополнети со настапи на групата „Перија“ и виртоузот на канон и сах, Џенгиз Ибрахим, како и на „Поетри слем Македонија“.

Во неделата на плажата Сливница, се одржа вториот фестивалски ден, каде што многубројната публика имаше можност да ужива во концертите на дуото Дац и Александар и Владо Јаневски.

Следните настани во чест на Илинден и Преспанското советување, ќе се одржат на 1-ви и 2-ри август во Амфитеатарот во Ресен и кај Споменикот во Отешево. Во рамки на „Преспаленд 2021“ акустичен концерт ќе одржат Љубојна и Слаткаристика, а посетителите ќе имаат можност да погледнат и македонски филм на отворено.

Влезот за сите настани е бесплатен.

Слични содржини