Луфтханза избира родова неутралноста, поздравот „Дами и господа“ заминува во историјата

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

„Луфтханза“ избра неутралност на половите во воздухот и на земјата и повеќе нема да ги поздравува патниците во кабината со фразата „Дами и господа“, објави во вторникот најголемата патничка авиокомпанија во Европа.

„На екипажот е да избере како ќе им се обрати на патниците“, изјави портпаролот за „Франс прес“, со што ги потврди информациите објавени од германскиот таблоид „Билд“.

Наместо традиционалниот поздрав, се предлага екипажот на кабината да ги поздравува патниците со изразите „Почитувани патници“ или со „Добар ден“, рече изворот.

Одлуката е резултат на промените во општеството кои ги почитуваат сите луѓе и „за овој процес ќе биде потребно извесно време“, додаде портпаролот.

Тој објаснува дека новата, полово неутрална формулација ќе важи за сите авиокомпании во групата, како што се Austrian Airlines, Swiss, Eurowings и Brussels Airlines.

Слични содржини