Vodafone спроведува пилот програма за самостојна 5G мрежа во Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Една година откако тврдеше дека прв спроведува тестирање на самостојната 5G мрежа во Велика Британија, Vodafone објави дека управува со комерцијална пилот програма за технологијата во три поголеми градови.

Мобилниот оператор ќе ја спроведе пилот програмата во Лондон, Манчестер и Кардиф за да ги тестира новите можности што доаѓаат со самостојните 5G уреди, како што е мрежно режење, се вели во соопштението. Исто така, ќе им овозможи на партнерите да ги тестираат 5G самостојните уреди на мрежа во живо.

Мрежното режење е многу дискутирана предност на самостојниот 5G, бидејќи овозможува специфични мрежни делови да бидат посветени на одреден клиент или индустриски сегмент. Првиот самостоен 5G тест на Vodafone, кој се спроведува на Универзитетот во Ковентри од минатиот јули, вклучува мрежно режење; а телекомот им посвети дел од услугите со мала латентност, за на пример, да овозможи учење на далечина во виртуелната реалност.

Останатите предности на самостојната 5G технологија вклучуваат ултра-мала латенција и можност за управување на целосно виртуелизирана архитектура во облак, ослободена од синџирите на стариот 4G.

Ова се досега прилично познатите позитивни страни. Индустријата работи на самостоен 5G уште од почетоците на мрежата од петтата генерација; ова трае веќе некое време, но полека ја исполнува целта, за што сведочат лансирањата на други места. Германија е моментно најжешкиот пазар во Европа, а Vodafone е таму предводник, откако во април лансираше комерцијални услуги.

Јасно е дека сака да ја повтори оваа позиција во Велика Британија, а оваа најнова објава помага да се зацврсти неговата позиција како предводник на самостојната 5G мрежа.

Ова доаѓа кратко откако Vodafone проговори за своите мрежни договори со Ericsson за самостоен 5G во Велика Британија и Германија. Двете партнерства беа претходно најавени, но сепак е знак за напредокот на Vodafone во самостојната работа.

Додадете ги во комбинација неодамнешните соопштенија на телекомуникациските оператори за своите Open RAN снабдувачи и договорот за мулти-пристап на Edge computing (MEC) со AWS брановата должина, и Vodafone почнува да изгледа како да е на најсовремената страна на мобилната технологија во Велика Британија. Може да се каже дека Vodafone почнува повторно да ја открива позицијата „прв на пазарот“ што ја заземаше во 90-те години на минатиот век.

Слични содржини