Сите протоколи од изборите веќе се обработени, објавила вечерва бугарската Централната изборна комисија.
Според овие целосни резултати, партијата „Има таков народ“ освои 24,08 проценти од гласовите, ГЕРБ-СДС – 23,51 процент, БСП – 13,39 проценти, Унијата „Демократска Бугарија“ – 12,64, МРФ – 10, 71, а коалицијата „Стани! Мафијата надвор!“ – 5,01 процент од гласовите.
На гласањето во странство, партијата „Има таков народ“ освоила најмногу гласови – со 35,64 проценти, а потоа следува Унијата „Демократска Бугарија“ со 18,64 проценти и МРФ – со 17,49 проценти.
По завршувањето на повторното воведување на податоците од одделните протоколи, можно е утре ЦИК да објави распределба на пратеничките места во новото Национално собрание.
Комисијата мора да објави распределба на местата меѓу шесте формации што ќе го формираат 46-тото Национално собрание најдоцна до четврток.
Фото: Булфото