349
На Кипар во вторникот се регистрирани 1.081 нов случај на коронавирус, што е највисоко за еден ден од почетокот на епидемијата во март 2020 година.
Две лица починаа, со што вкупниот број жртви на ковид се искачи на 382, соопшти Министерството за здравство, пренесува „Ројтерс“.
Бројот на позитивни случаи започна да расте од средината на јуни, за што придонесе ширењето на многу позаразниот делта сој на вирусот.