ЦЕЦА ГО ЗАПРОСИЛА АРКАН: Како „процвета“ нејзината кариера по венчавката

од Stefanija Kuzmanovska
685 прегледи

Синоќа во осмата епизода од серијалот „Junaci doba zlog“ емитувана на телевизијата N1, темата беше пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината кариера и врските што ја поврзуваат со криминалот и политиката со децении.

Еден сегмент од епизодата беше посветен на „процветувањето“ на нејзината кариера, што се случи откако се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Имено, Оливер Мандиќ го запознал Аркан со Цеца, кога таа пеела заедно со нејзиниот покоен колега Џеј Рамадановски на прославата за основањето на „Српската доброволна гарда“ во Ердут, село во Хрватска.

После пет месеци врска, Светлана го запросила Аркан, прашувајќи го „Дали ти мене ќе ме ожениш или не?“.

Дури и Си-Ен-Ен и „Њујорк Тајмс“ известуваа за „венчавката на деценијата“, како што тогаш ја нарекуваа новинарите. Токму со овој чин Цеца успеа да си обезбеди сериозно место на тогашната музичка сцена.

Со бракот со Аркан, кој се грижеше за нејзиниот изглед, инвестираше во неа и даде огромни пари за нејзината кариера, Цеца стана „хероина“.

„Сите оние кои беа добро платени за да ја направат она што ја направија, направија од тој просек таа да стане она што е“, рече новинарот Зоран Павиќ во серијалот „Junaci doba zlog“.

Едноставно е така, да не беа „валканите пари“ што беа вложени во нејзината кариера, таа немаше да биде она што е денес, пренесе „Нова.рс“.

Деталот споменат во шоуто, кој општо им е добро познат на луѓето од поп сцената во 90-тите години од минатиот век, е дека Аркан, по секоја цена сакајќи да ја направи својата сопруга ѕвезда, на многу начини се обидел да ја саботира кариерата на нејзината колешка Драгана Мирковиќ, која тогаш важеше за сериозна sвезда.

Слични содржини