На почетокот на денешното заседание на бугарската влада, премиерот Стефан Јанев упати порака до граѓаните: Вашата улога е постојан процес на контрола врз тоа како политичките партии ги исполнуваат своите обврски кон вас
Не плашете се да бидете политички активни, важно е да се зачуваат демократијата и достоинството на нашата земја, додаде Јанев. Важно е да продолжиме во согласност со нашата способност да работиме конструктивно за да го зачуваме јавниот интерес, нашиот национален идентитет, рече Јанев, пишува БГНЕС.
Тој забележа неколку загрижувачки случувања во врска со изборниот процес. „Откриваме екстремно слаб одзв на гласачите, што за жал тешко се должи само на фактот дека гласањето се одржа во текот на летото. Јас постојано изјавував дека политичката апатија е опасна појава и дека политичките партии мора да работат понапорно за целосно вклучување на бугарските граѓани во демократскиот процес.
„Ако политичките сили ги направеа сите овие напори да ја критикуваат привремената влада, можеби ќе имавме позначајна политичка дебата во предизборието и повеќе луѓе ќе излезеа да гласаат“, рече тој.