Турција бара 86 лица поврзани со Фетулах Ѓулен да бидат депортирани од земјава

од Берта Китинска
193 прегледи

Вкупно за 86 лица се бара депортирање од земјата, за 20 од нив се бара екстрадиција. Сите овие барања се испратени до надлежните на Северна Македонија, но засега не е преземен чекор во оваа насока, изјави турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок на денешната прес-конференција по повод 15 јули – Денот на демократијата и националното единство на Турција.

– Структурите на ФЕТО продолжуваат да бидат присутни во С.Македонија затскриени зад превези како образовни институции и трговски друштва. Во секоја прилика до надлежните на Северна Македонија ги пренесуваме нашите барања за оневозможување за дејствување на структурите на ФЕТО и депортирање на лицата поврзани со ФЕТО. Ставањето крај на дејностите на структурите на ФЕТО и депортирањето на лицата поврзани со ФЕТО ќе претствуваат конкретни чекори од аспект на билатералната соработка во насока на борбата против тероризмот. Ја користам оваа прилика одново уште еднаш да ги истакнам овие очекувања. Со одлучност ќе продолжат нашите дејности во насока на сузбивање на структурите на ФЕТО во странство, рече амбасадорот Секизќок.

Слични содржини