Владата го објави логото: Сонцето, уставното име, МК кодот раскажуваат за нашата државност

од Берта Китинска
343 прегледи

Денеска Владата го претстави логото кое ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата.

„Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од Денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од сѐ она што денес, нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој. Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 раскажуваат за нашата државност“,велат од Владата.

Логото по повод 30-годишнината од независноста на нашата држава ќе се применува на сите јавни настани на државните институции во претстојниот период и ќе биде достапен на сите граѓани, како дел од визуелизацијата на програмата за одбележување на – 30 години од референдумот за независност.

Слични содржини