Инфлуенсерката Софија Ченг (32) почина обидувајќи се да направи совршено селфи, а многу следбеници сега се збогуваат со неа на нејзиниот профил на Инстаграм.
Имено, според странските медиуми, Софија била во паркот Ха Пак Лаи во Хонг Конг со тројца пријатели кога загинала. Несреќата се случила во саботата, додека Ченг се обидувала да направи совршена фотографија над водопадот во близина на „Пајнапл маунтин“ и во еден момент таа се лизна.
Таа изгуби рамнотежа и падна во бездна длабока пет метри. Наскоро пристигнала брза помош, повикана од нејзините пријатели и тие ја однеле Софија во болница во Хонг Конг. Лекарите можеле само да прогласат смрт, затоа што по таков пад немало спас за неа.
Инаку, инфлуенсерката беше позната по фотографиите кои често ги правеше на високи и опасни карпи, па нејзиниот Инстаграм беше преплавен со вакви објави.
– Животот треба да биде забавен, а не глупав – пишува во описот на нејзиниот профил на социјалната мрежа. За време на нејзината смрт, Софија на Инстаграм ја следеле повеќе од 9.000 луѓе, а она што е бизарно е што по нејзината смрт ја „заследиле“ уште скоро 4.000 луѓе, па сега таа има над 12.900 следбеници.
Ченг не е првата личност што го изгубила животот на тоа место. Имено, во јануари минатата година загина жена која исто така се обидувала да направи селфи над тој водопад.