СУДОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: 10 години затвор за албанскиот полицаец кој застрела момче за време на полициски час

од Nikola Popovski
253 прегледи

Албански суд денеска осуди поранешен полицаец на 10 години затвор поради фатално пукање кон крајот на минатата година, за време на полицискиот час поврзан со пандемијата на Ковид-19.

Судот во Тирана го осуди Невалд Хајдарај за убиство кое, како што беше речено, не било нужна самоодбрана, поради кое Клодијан Раша го загуби животот во декември 2020 година во Тирана среде полициски час.

Полицијата соопшти дека Раша тогаш избегал, игнорирајќи го повикот на полицијата да застане, пренесува агенцијата АП.

Хајдарај го призна пукањето и изрази жалење пред судот за своите постапки.

Хајдарај беше отпуштен од полицијата откако смртта на Раша предизвика една недела насилни протести, чии учесници ја прекршија забраната за јавни собири. Тие протести доведоа до оставка на министерот за полиција.

Таткото на Клодијан Раша луто реагираше на фактот дека казната на Хајдарај беше намалена за една третина откако тој го призна делото.

Слични содржини