Американската актерка Деми Мур на својот Инстаграм профил објави две нови фотографии на кои позира во минијатурно бикини, а вниманието особено го привлече нејзиниот изглед.
Имено, убавата актерка се пофали дека ужива во морето, а потоа објави две провокативни фотографии и предизвика вистински хаос на Инстаграм.
Фановите коментираат колку е убава актерката без шминка, како и фактот дека нејзината витка линија на крајот на 6-та деценија е совршена.
„Се подготвувам за уште еден ден во овој рај“, напиша Деми и собра повеќе од 200.000 лајкови.
View this post on Instagram
„Како можеш да бидеш толку убава?“, „Прекрасна си“, „Отсекогаш си била убавица“, „Гориш жено“, напишаа нејзините придружници во коментарите.
Инаку, 58-годишната актерка неодамна објави фотографии со своите ќерки Румер, Скаут и Талула, на кои позираат во костими за капење на брендот Енди.
Деми е инвеститорка од 2017 година, а подоцна стана моден консултант.