Историски закон на ЕУ: Забрана за дизел и бензин од 2035 година

од Nikola Popovski
342 прегледи

Европската комисија денес усвои пакет мерки за усогласување на главните политики на ЕУ со цел намалување на емисиите на гасови за најмалку 55% ​​до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година. Од 2035 година ќе можат да се произведуваат само возила со нулта емисија на гасови.

Забрзување на намалувањето на штетните емисии на гас во следната деценија е потребно за Европа да стане климатски неутрален континент до 2050 година, објави Европската комисија.

Климатскиот пакет наречен „Спремни за 55“ (Fit for 55) содржи предлози што ќе влијаат на секојдневниот живот на граѓаните на Унијата, вклучувајќи каков вид автомобили ќе возат, како да ги изолираат своите домови, да произведуваат челик или да управуваат со шуми и земјиште, пренесува Бета.

Новите мерки вклучуваат, меѓу другото, зголемување на употребата на обновливи извори на енергија, поголема енергетска ефикасност, усогласување на даночната политика со целите на Европскиот зелен договор и зачувување на шумите.

Планот предвидува заострување на постојниот систем за трговија со емисии (ЕТС). Механизмот, кој досега опфати околу 10.000 постројки во енергетскиот сектор и преработувачката индустрија, како и воздушниот транспорт во рамките на Унијата, ќе се прошири и на поморскиот сектор, а воспоставен е посебен систем кој вклучува згради и патен транспорт.

Во однос на сообраќајот на патиштата, емисиите од нови возила ќе треба да се намалат за 55% до 2030 година, а од 2035 година ќе можат да се произведуваат само возила со нулта емисија.

Во согласност со таа цел, земјите-членки ќе мора да ја прошират инфраструктурата за да ги наполнат електричните автомобили и возилата со водород.

Воведен е нов механизам за прилагодување на границата на СО2 со цел да се ограничи таканареченото „истекување на јаглерод диоксид“, односно да се спречи преместување на производството во земји со пониски трошоци за производство.

Новиот механизам воведува данок на јаглерод диоксид за одредени увезени производи, а неговата цел е да ги заштити европските компании кои имаат обврска да ги намалат штетните емисии на гас од конкурентите од другите земји кои немаат такви ограничувања.

„Придобивките од климатските политики на ЕУ јасно ги надминуваат трошоците за оваа транзиција на среден и долг рок, но на краток рок тие можат да направат дополнителен притисок врз посиромашните домаќинства, микро-претпријатија и корисници на транспорт“, соопштија од Европската комисија, предлагајќи воведување на Фонд за социјална клима.членките им помогнаа на граѓаните да инвестираат во енергетска ефикасност, нови системи за ладење и греење и почисти возила.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен истакна дека Европа ќе ги спроведе своите климатски политики преку иновации, инвестиции и социјална компензација.

„Економијата базирана на фосилни горива ги достигна своите граници. Ние сакаме да и оставиме на следната генерација здрава планета, како и добри работни места и раст што не и штети на нашата природа. „Европскиот зелен договор е нашата стратегија за развој што се движи кон декарбонизирана економија“, рече Фон дер Лајан на прес-конференција.

Повеќе од 12 нацрт-закони ќе треба да бидат одобрени во Европскиот парламент, како и во националните собранија на земјите-членки, пренесува Би-Би-Си.

„Ќе побараме многу од нашите граѓани“, рече шефот за клима во ЕУ, Франс Тимерманс.

„Ќе побараме многу и од нашата индустрија, но тоа го правиме од благородна причина. Го правиме ова за да може човечката раса да има каква било шанса“, рече Тимерманс.

Извори на АФП наведуваат дека усвојувањето на законот предизвикало големи конфликти во ЕУ.

Мерки по точки:

– Забрана за продажба на автомобили на дизел и бензин од 2035 година.

– данок на гориво за авиони

– воведување тарифи за производители што не се членки на ЕУ за увоз на материјали како што се челик и цемент

– поамбициозни планови за употреба на обновливи извори на енергија

– услов за земјите-членки побрзо да ги реновираат зградите, кои не се енергетски ефикасни

Слични содржини