Шест куќи се срушија, а 30 лица се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што го погодија градот Шулд во западна Германија, пренесува „Дојче веле“.
Според „ДВ“, се стравува дека може да се срушат уште 25 згради од последиците на поплавата.
Евакуацијата на населението од овој дел на Германија е во тек, а локалните патишта се затворени.
Прогласена е вонредна состојба во делови на државата Рајна-Палатинат.
„Ситуацијата е многу сериозна, нашите патишта се поплавени, па затоа не можеме да пристапиме до многу села“, рече претставникот на локалната самоуправа, Јулија Гизекинг.
Според неа, прогласувањето вонредна состојба ќе ѝ овозможи на армијата да помогне во спасувачката операција.
Државните синоптичари предупредија дека нови врнежи и невреме ги очекуваат југозападните делови на Германија, кои може да траат до петок.