Министерството за здравство информира дека теренската вакцинација утре (петок) 16.07.21 ќе се одвива во 89 населени места.
„Местата се: Делчево – Косевица, Костин Дол
Тетово – Доброште, Нераште
Гостивар – Добридол, Неготино, Топлице,Сенакосе,Горјане
Ресен – Грнчари, Подмочани
Штип – Горачино, Лесковица, Пиперово, Брест
Долнени – Бело поле, Новоселани, Заполжани, Вранче, Кутлешево, Средорек
Прилеп – Мариово
Св. Николе – Горобинци
Кратово – Карвак
Виница – Градец, Лески
Демир Хисар – Сладуево, Журче, Прибилци,Ново село
Валандово – Раброво, Калково
Берово – Будинарци
Струга – Франгово
Ростуше – Жировница
Дебар – Брештани (Горенци)
Струмица – Костурино
Неготино – Дуброво, Бистренци
Пробиштип – Злетово
Валандово – Раброво, Калково
Кочани – Чифлик
Кичево – Гарани, Стрелци
Кавадарци – Манастирец
Битола – Братиндол, Ротино, Цапари, Кажани, Доленци, Лера, Рамна, Српци
Охрид – Оздолени,Сошани, Арбиново, Лактиње
Македонски брод –Растеш, Заград, Битово, Рамне
Велес – Стари Град, Врановци, Извор
Крива Паланка – Герман, Пклиште
Куманово – Табановце, Четирце, Карабичане, Сопот, Сушево,Речица, Горно Коњаре, Долно Коњаре, Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Режановце, Слупчане, Оризаре,Липково,Лојане,
Штип – Горачино,Лесковица,Пиперово,Брест
Скопје – Љуботен, Љубанци“, соопштија од МЗ.
Од таму додаваат дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 440.299 граѓани.
„Прва доза вакцина вчера примиле 5.401 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.821 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 700.193 дози вакцини, а ревакцинирани се 259.894 граѓани“, велат од МЗ.
Според нив, со последните бројки 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 50% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 40% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.