Џафери: Се надевам Резолуцијата ќе биде ставена на дневен ред на наредната седница

од Nikola Popovski
257 прегледи

-Резолуцијата е примена во Собранието и е во изготвување да се распредели до сите пратеници. Согласно Деловникот, за актите за коишто не се распределени до пратениците не може да се отпочне собраниска постапка. Се надевам дека до наредната седница ќе биде спремен целиот материјал, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери за предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ со детали од Резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија – документот да биде обврзувачки, да се преговара рамноправно, и да не се условува и да се почитува македонскиот јазик, идентитет и историја. Пред официјално да ја поденсат во Законодавниот дом, опозиционерите ќе бараат поддршка од сите колеги пратеници.

„Сметаме дека Собранието како законодавен дом е вистинското место каде што наместо поларизација политичките сили треба да се обединат и да донесат заедничка резолуција. Резолуции по националните прашања се носат и во Бугарија, и во Германија, и во Словенија, и во Романија, и во Италија. Тука зошто Македонија би била исклучок, и зошто власта не би била спремна во Собранието да отвориме расправа и да изградиме широк консензус за предлог резолуцијата за македонските црвени линии која што доколку се усвои од Собранието на Македонија нема да биде од помош само за македонската дипломатија и општество туку ќе им помогне и на нашите пријатели во рамките на ЕУ.“ – изјави неодамна Антонио Молошовски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 46. седница ги изгласа Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визи, Предлог на закон за изменување на Законот за социјалната заштита, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во прво читање.

Слични содржини