Меган и Хари во ФИНАНСИСКА КРИЗА: Притиснати од сите страни

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Меган и Хари се под голем притисок да ги исполнат своите договори со „Нетфликс“ и „Спотифај“, наведува кралски експерт.

Имено, кралскиот коментатор Даниела Елсер изјави дека војвотката и војводата од Сасекс „мора да докажат многу“ и дека „се борат против часовникот“ откако минатата година потпишаа повеќемилионски договори со „Нетфликс“ и „Спотифај“ .

По тој повод, кралскиот коментатор истакна дека ако Хари и Меган не сакаат да бидат отпишани како „маркетиншки трик“, тие мора да дадат се од себе – и да покажат дека „вредат за инвестицијата“.

– Овој пар, кој моментално живее во Калифорнија, не го запали баш Холивуд, по престанокот на кралските должности. Проблемот со оваа парадигма е што нивниот вкупен капацитет за заработка е поврзан со нивната способност да генерираат добар ПР.

– Ако интересот за нив се намали, или јавноста едноставно се замори од парот кој никогаш не ја напуштил јавноста, тогаш нивната вредност би можела да падне. На прв поглед, се чини дека нивната финансиска иднина би можела да биде светла благодарение на договорот со „Нетфликс“ и „Спотифај“, но работите, всушност, не изгледаат толку совршено – изјави Даниела Елсер, пренесува „Експрес“.

„Тајмс“ објави дека, според упатените во индустријата, нивниот годишен приход бил помеѓу 1,8 и 3,7 милиони американски долари.

Слични содржини