Шок за Хрватска: ЕУ објави нова корона-мапа

од Nikola Popovski
392 прегледи

Хрватскиот брег веќе не е зелен на новата корона-мапа од Европската унија, објавена од „ЕЦДЦ“.

Целиот јадрански дел на Хрватска е на новата мапа во портокалова боја, пишува „Индекс“.

Мапата на ЕЦДЦ се ажурира секоја недела. Боите за одделни области се определуваат со комбинација на бројот на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација. Најновата мапа беше објавена денес.

Таа е најважната карта за коронавирус во Европската унија и се смета за референца затоа што земјите-членки на ЕУ донесуваат мерки и ги одредуваат условите за влез од одредена земја според бојата што ја има земјата на мапата на ЕЦДЦ.

Огромното мнозинство на Европа е на картата во зелена боја. Хрватскиот брег, делови од Грција, дел од Германија, дел од Шведска, Ирска и југот на Франција се во портокалова боја.

Слични содржини