Орбан ги нарече „правно хулиганство“ мерките на Европската комисија против Унгарија

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Мерките против Унгарија, иницирани од Европската комисија заради законот што го смета за дискриминаторски кон ЛГБТ луѓето, се еднакви на „правно хулиганство“ и срамота, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на интервју за државното радио.

Акциите против Унгарија се поврзани со новиот закон кој забранува употреба на материјали во училиштата во кои се промовира хомосексуалноста, потсетува Ројтерс.

„Не можеме да дозволиме сексуални лобисти да влезат во нашите училишта. Брисел нè принудува да направиме нешто што не сакаме“, додаде Орбан, објави агенцијата МТИ.

Групите за човекови права протестираа против законот, што претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го нарече – „срамен“.

Слични содржини