Маричиќ: Дигитализацијата на судството набрзо започнува

од Берта Китинска
148 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес учествуваше на состанокот на работната група на земјите од Западен Балкан, на кој истакна дека дигитализацијата е во завршна фаза и наскоро ќе се започне со опремување на првите судови низ државата.

Маричиќ се осврна и на важноста и придобивките од дигитализацијата во земјите од Западен Балкан во олеснувањето и подобрувањето на пристапот до правдата за граѓаните од целиот регион.

-Заедничката дигитална стратегија на земјите од Западен Балкан ќе ги забрза напорите за интеграција во ЕУ. Се очекува да донесе побрзи промени во однос на владеењето на правото, да помогне да се создаде функционална пазарна структура во регионот и ја поттикнува модернизацијата на администрацијата и општеството, рече министерот Маричиќ.

Денешниот состанок на работната група составена од претставници на министерствата за правда од Западен Балкан има за цел продлабочување на регионалната соработка во поврзувањето на регионот, размената на искуства и поддршката процесот на дигитализација, која е од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите.

Слични содржини