Олумчев: Само вакцинацијата може да го спречи четвртиот или петтиот бран на коронавирусот

од Vladimir Zorba
394 прегледи

Епидемиолог Сашко Олумчев во гостувањето во „Трилинг“ оцени дека од исклучителна важност е да се продолжи со масовна вакцинација за што побрзо да се стекне колективен имунитет.

– Се докажа и во Македонија и во светот, дека побрзо создавање на колективен имунитет, дали преку прележување на болеста или преку масовна вакцинација, е најважниот дел. Вирусот не може да го сопрете со куративни мерки, со што повеќе заболени, или да ги преполниме болниците, да имаме повторно удар врз здравствениот систем и да ги затвориме училиштата. Ние сме апсолутно против тоа, меѓутоа доколку луѓето не разберат дека треба да бидат имунизирани, час поскоро, и тоа што поголем дел од популацијата, која ќе го создаде тој колективен имунитет и ќе направи брана кон самиот вирус, односно различните соеви на вирус, тогаш не сме направиле ништо. Значи основна мерка, превентивна во моментов е вакцинацијата, која може да ја спречи односно да го амортизира четвртиот или петтиот бран, вели д-р Олумчев.

Слични содржини