Лилард ги отфрли гласините: Не е точно дека барам трејд

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Американските медиуми објавија дека Дамијан Лилард го напушта Портланд и дека тој побарал да биде трејдуван во Њујорк Никс, Филаделфија 76-ерс или Лос Анџелес Лејкерс.

Лилард беше запрашан дали е вистина дека тој побарал трејд и тој изјави дека тоа се само гласини и дека не е вистина.

„Се разбудив и ги видов насловите колку екипи ме сакаат и дека сакам да си одам. Тоа не е точно. Веднаш ќе ги одречам сите тие приказни. Многу е кажано за мене, но не сум кажал ништо. Јас сè уште не сум одлучил што ќе правам во иднина“, рече Лилард.

Според некои пишувања, Лилард очекува средба со новиот тренер Чонси Билапс и генералниот директор Нил Ошли, со кого има одлични односи од неговото пристигнување во Портланд.

Слични содржини