Шакира ја смени профилната на Твитер, фановите пишуваат: „Призна дека е лезбејка“

од Vladimir Zorba
270 прегледи

ПЕЈАЧКАТА Шакира ја смени својата фотографија на профилот на Твитер пред неколку дена во мешавина од розова, портокалова и бела боја, што инаку претставува знаме на гордоста на лезбејките.

https://www.instagram.com/p/CRYRLErKAtf/?utm_source=ig_web_copy_link

Поради овој потег, многу обожаватели на пејачката започнаа да тврдат на социјалните мрежи дека таа всушност решила да ја признае вистината за својата сексуална ориентација пред сите.

Шакира е во центарот на вниманието веќе некое време откако ја објави својата нова песна Don’t Wait Up. Фотографијата на профилот и избраните бои всушност ја промовираат насловната страница на синглот кој содржи слични бои, но некои обожаватели се убедени дека има скриена порака зад неа.

Пејачката скоро десет години е во врска со фудбалерот Жерард Пике, со кого има два сина – осумгодишниот Милан и шестгодишниот Саша.