„Лажните вести и монтажи по социјалните мрежи се интезивираат со цел заплашување и лажење на граѓаните. Граѓаните да бидат спокојни, образованието се унапредува и реформира. Сите информации кои деновиве се шират поврзани со сексуалното образование, се целосно лажни и апелирам граѓаните да не наседнуват“, реагира министерката за образование Мила Царовска.
Како што многу пати извести БРО, сексуално образование воопшто не се воведува. Од следната година се планира само пилот проект во четири паралелки од деветто одделение во четири основни училишта. Никакви содржини ниту програми не се предвидени во новите содржини и учебници за прво и четврто одделение како што се обидуваат да ја замајат јавноста, посочува Царовска.
„Родителите да бидат смирени, се што работиме е максимално транспарентно и во најдобар интерес на децата. Апелирам да ги следите официјалните канали на МОН и БРО со цел заштита од ваквите манипулации кои, за жал, се почесто ќе ги гледаме“, додава министерката.