Фаучи: Со вакви дезинформации за вакцините против Ковид, никогаш не би ги искорениле сипаниците

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Советникот во Белата куќа за Ковид-19, имунологот Ентони Фаучи, ги критикуваше медиумите за ширење лажни информации за вакцините.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Фаучи рече дека „искоренувањето на сипаниците и детската парализа би било невозможно со сегашните дезинформации што ги имаме“ за вакцините против ковид.

Главниот епидемиолог на САД предупреди дека некои невакцинирани возрасни лица се изложени на лажни информации, дека тие честопати се скептични во однос на објективните податоци за ковидот и дека тие често ја оправдуваат нивната одлука да не се вакцинираат со „работи што едноставно не се точни“, објави Форбс .

Малите сипаници се искоренети во светот пред околу 40 години, а детската парализа е елиминирана во скоро секоја земја.

Ден претходно американскиот претседател Џозеф Бајден го критикуваше „Фејсбук“ и другите социјални мрежи обвинувајќи ги за пренесување лажни информации за вакцините.

Слични содржини