„Пред еден месец неработникот Шилегов токму на ова место помпезно го најави проектот за продолжување на Булеварот „Борис Трајовски“. Еден месец тука си одморија два багера колку да се гледа дека нешто ќе се работи. Но денес гледаме дека багерите ги нема, а ниту пак нешто се сработи, ниту пак нешто се поместило од првобитната состојба“, вели денеска Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
„Уште една голема лага на најголемиот неработник во Градот Скопје – Петре Шилегов. Лажни ветувања само пред избори и појавувања пред камери за да народот мисли дека неработникот нешто работи. Внимавајте, Шилегов наследи готов проект за довршување на Булеварот „Борис Трајковски“ уште во 2017, Шилегов и покрај виртуелните филмови и сликања не успеа ниту еден метар да асфалтира.
Се уште неговата администрација ги нема решено проблемите со експропријација на имотите на физичките и правни лица на овој дел од трасата“, истакна Колариќ.