Арсовски: Наместо реализација на проекти, Смилевски се фокусираше да биде рекордер во привремени вработувања во цела држава (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
176 прегледи

СДСМ во општина Бутел го кандидираа најлошиот нивни избор. Велимир Смилевски е човекот кој четири години буквално ги преспа како градоначалник во општината. Со каков образ пак ќе бара мандат од бутелчани?, прашува денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цел Бутел знае дека Велимир Смилевски не живее во Бутел. Живее во друга општина. Сите знаат дека на Велимир Смилевски наместо паметот да му е во реализација на она што го ветувал и во проектите, да го подобри животот на граѓаните, паметот му беше единствено во дружба со бандити и мафијаши кои на снимки со негови блиски мафтаат со оружје, за да денес Бутел биде најнебезбедната општина каде што се пукаат и бодат на секој чекор.

Наместо реализација на проектите Велимир се фокусираше да биде рекордер во привремени вработувања во цела држава во цела Република Македонија, каде што потроши над 2 милиони евра пари на граѓаните, пари на бутелчани. Згора на се, тој е и рекордер по непотизам, внимавајте има над десеттина роднини вработено во општината каде што тој е градоначалник во самата општина“, посочува Арсовски.

Слични содржини