Бритни Спирс: Одбивам да настапувам додека не ме ослободат од татко ми

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Поп-sвездата Бритни Спирс на Инстаграм напиша дека одбива да настапува се додека не биде ослободена од старателството што го има нејзиниот татко Џејми Спирс. Таа исто така изјави дека неговото старателство ги „уништило нејзините соништа“ во текот на изминатите тринаесет години.

Објавата на Инстаграм е најновата шокантна изјава што Бритни Спирс ја објави во јавноста коментирајќи за нејзината неможност да ги контролира своите финансии, движење и животот воопшто.

„Нема да настапувам сè додека татко ми може да контролира што носам, како изгледам, за што размислувам“, напиша Бритни на Инстаграм.

„Ќе објавам снимки на кои играм во дневната соба, наместо да бидам на сцената во Вегас и да пробувам различна шминка, без да можам да направам ремикс на мои песни“, додаде пејачката.

Нејзиниот татко, Џејми Спирс, има целосна контрола врз нејзините финансии од 2008 година.

Судија во Лос Анџелес неодамна и дозволи на поп-sвездата да избере свој адвокат за да може да побара одземање на старателството.

Пејачката пред одреден период имаше јавно сведоштво во кое откри дека нејзиниот татко и менаџерскиот тим целосно го контролираат нејзиниот живот. Таа тврди дека и го одзеле пасошот и и забраниле да телефонира, и дека присилно и инсталирале спирала и ја спречуваат да остане бремена.

Слични содржини