Бразилскиот претседател Болсонаро пуштен од болница

од Берта Китинска
224 прегледи

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е пуштен од болницата во Сао Паоло, каде беше  хоспитализиран поради болки во стомакот.

Болсонаро, при напуштањето на болницата во Сао Паоло се чинеше расположен на заминување, а пред новинарите изјави дека се надева дека за десет дена ќе јаде ребра на скара.

По прегледот, лекарите одлучија да не го оперираат 66-годишниот шеф на државата.

Тој беше префрлен во Сао Паоло по консултации со хирургот кој го оперираше во 2018 година, кога на предизборен митинг беше прободен со нож во стомакот.