Уште една европска земја под вода: Пожарникарите спасуваа луѓе во поплавените автомобили

од Берта Китинска
156 прегледи

Обилни врнежи ја погодија и Италија, а службите за итни случаи во градот Палермо и другите делови на Сицилија добија стотици повици за интервенции поради поплавите и штетите од вода.

Весникот Република пишува дека синоќа Палермо бил погоден од силно невреме и дека пожарникарите интервенирале 27 пати за да спасат луѓе од поплавените автомобили, бидејќи улиците се претворале во реки. Подвозниците и патиштата се затворени во некои делови од градот како мерка на претпазливост.