Пo најавата за нови мерки: Вандализирани центри за вакцинација во Франција

од Берта Китинска
148 прегледи

Два центри за вакцинација во Франција беа уништени во протестите против одлуката на владата да воведе построги мерки поради  пандемијата на коронавирус, објави BBC, повикувајќи се на француски медиуми.

Центарот за вакцинација во југоисточна Франција беше вандализиран и поплавен со вода од противпожарна цевка во петокот вечерта.Ден потоа, клиниката исто така на југоистокот беше делумно уништена при подметнување пожар, објавија локалните медиуми.

Инцидентите се случија за време на демонстрациите за викендот против владините мерки за спречување на ширењето на пандемијата, како резултат на заразниот сој делта.

Во саботата, повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците низ Франција во знак на протест против мерките преземени од претседателот Емануел Макрон за спречување на ширењето на инфекцијата, за која демонстрантите велат дека ја нарушуваат слободата на избор на оние кои не сакаат да бидат вакцинирани.

Контроверзните мерки вклучуваат задолжителни вакцинации за здравствените работници и здравствените пасоши за влез во повеќето јавни места.

Графити со пораки против вакцинација беа напишани во близина на центарот за вакцинација во Ланс-ан-Веркорс во близина на градот Гренобл.

Слични содржини