235
„Христијан Мицкоски загубен во своите деструкции и блокади, немајќи ништо друго да им понуди на граѓаните, реши да копира концепти и политики од СДСМ“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.
„Неговото „Македонија за сите луѓе“ е бледа копија на „Живот за сите“ исто како и концептот „Парите кај граѓаните“. ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти“, истакнува тој, додавајќи дека „не може партија која 11 години земаше од граѓаните денеска да вели дека ќе ги враќа парите назад кај граѓаните“.