Филипче од Клиниката за детски болести: Адријан ќе ја добие битката со болестa бидејќи е храбар и полн со живот

од Nikola Popovski
268 прегледи

Ова ведро и насмеано момче се вика Адријан и денеска наполни 11 години. Кога влегов во собата веднаш ме плени неговата насмевка, позитивна енергија и ведар дух, објави министерот за здравство, Венко Филипче откако ја посетил Клиниката за детски болести.

-Мајка му на Адријан ме покани да го запознаам овој борец кој за жал, лежи на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Јас силно верувам дека Адријан ќе ја добие битката со опаката болест бидејќи е храбар и полн живот. Ти држиме среќа за што побрзо да им се вратиш на игрите со другарчињата!, стои во објавата на министерот.

Слични содржини