Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, попладнево се сретна со жителите на Кочани, каде истакна дека досега реализираните вредни капитални инвестиции изминатите три и пол години на локално и централно ниво од кои голем дел се и во образованието се доказ дека СДСМ работи исклучиво во интерес на граѓаните.
„Инвестициите во образовните институции во Кочани се околу 90 милиони денари, и тие се однесуваат на подобрување на условите во училиштата, замена на кровни конструкции и реконструкција на тоалетите“, рече Царовска.
Потпретседателката на СДСМ рече дека освен што инвестираат во современи објекти, истовремено вложуваат и во квалитетни наставни програми и во поддршка на наставниците со што го развиваме и унапредуваме националниот образовен систем.