Шахпаска: Би била најсреќна кога пензијата би се зголемила за 15% како минималната плата

од Nikola Popovski
301 прегледи

„Има сериозни реакции дека ова усогласување е мало и недоволно и ние сме свесни. Би бил најсреќна кога би можела да ја зголемам пензијата не со 1,2 проценти како сега, туку со порастот на минималната плата за 15% и просечната плата за 5%, кога БДП би бил над 4,1 процент, доколку не се случеше пандемијата“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во дневникот на ТВ Сител.

Таа испрати порака до пензионерите дека и во услови на пандемија, сакаат да гарантираат почитување на законите и да гарантираат зголемување на вредноста на пензиите.

„Трошоците за живот во последните 6 месеци според Државниот завод за статистика се зголемија за 1,2 проценти, па оттука е зголемувањето на пензијата“, рече Шахпаска.

Пред два дена, Министерството за труд и социјална политика информираше дека пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година, во однос на второто полугодие од 2020 година изнесува 1,2 отсто.

Зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесува 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

 

Слични содржини