Фернандо Флорес, поранешен телохранител на Бритни Спирс, тврди дека пејачката добила мешавина од силни лекови еднаш неделно во периодот кога работел за неа, пренесува „Daily Mail“.
Френандо изјавил дека Бритни примала антипсихотични лекови поради кои „полудела“. Тој тврди дека секој петок една жена ја посетувала Бритни за да ѝ даде доза на лекови.
„Тоа беа три антипсихотични лекови и апчиња за контрацепција“, рече Флорес.
Фернандо работел за Бритни осум месеци во 2010 година. Тој тврди дека телефонот на пејачката во тоа време бил следен и никогаш не се осмелила да ја напушти куќата сама. Тоа наводно било дел од правилата за старателство на нејзиниот татко Џејми.
„Тој се јавуваше три или четирипати на ден за да провери што се случува. Ако сакаше нешто, мораше да побара дозвола од него. „Таа ги помина своите денови гледајќи телевизија или вежбајќи“, изјави Флорес за британските медиуми.
Инаку, Флорес проговори откако Бритни јавно се обрати пред судот за контроверзното старателство. Таа рече дека сака нејзиниот живот да се врати и да се стави крај на 13-годишното старателство што нејзиниот татко го има над неа.
Метју С. Розенгарт беше назначен за нејзин нов адвокат во случајот, на местото на Самуел Ингам, кого Бритни го обвини за недостиг на соработка и разбирање.
Бритни и нејзиниот адвокат се уште немаат поднесено официјално барање за прекинување на старателството, а следното рочиште ќе се одржи на 29 септември во Лос Анџелес.