Сноуден за Pegaz: Нема заштита од нуклеарно оружје, а овој шпионски софтвер е токму тоа

од Stefanija Kuzmanovska
438 прегледи

Владите мора да воведат глобален мораториум на меѓународната трговија со опрема за шпионирање, или ќе се најдеме во ситуација кога ниту еден мобилен телефон не е безбеден од државно спонзорирани хакери, предупреди свиркачот Едвард Сноуден.

Сноуден, кој ја откри програмата за шпионирање на Американската агенција за национална безбедност во 2013 година, смета дека развивачите кои прават шпионски програми за пари се „индустрија што не треба да постои“.

Откако беше откриено eпостоење на програмата Pegaz, која може тајно да пробие во нечиј мобилен телефон и да ги собере сите потребни информации, а која ја користеле бројни режими, Сноуден оцени дека Pegaz покажал како комерцијалниот „малициозен софтвер“ им овозможува на репресивните режими да ги следат и шпионираат луѓето.

За да го прислушкува осомничениот, полицијата треба да „упадне во неговата куќа или автомобил или канцеларија и сите сакаме да веруваме дека пред се им треба налог за тоа“. Со комерцијална опрема за шпионирање, можно е да се шпионираат луѓе од далечина, без многу трошоци и без ризик, и сега тие почнуваат да го прават тоа цело време, против секој што е интересен, изјави Сноуден за „Гардијан“.

„Ако не преземете ништо за да ја запрете продажбата на оваа технологија, вие не само што ќе имате 50.000 цели, ќе имате 50 милиони цели и тоа ќе се случи многу побрзо отколку што очекува некој од нас“, рече тој.

Проблемот, објасни Сноуден, е што сите мобилни телефони се слични: „Кога ќе најдат начин да пробијат еден iPhone, наоѓаат начин да ги пробијат сите“, рече тој.

Тој исто така предупреди дека комерцијалниот малициозен софтвер како Pegaz е толку моќен што обичниот свет не може да стори ништо против него.

„Постојат одредени индустрии, одредени сектори од кои нема заштита и затоа мора да ја ограничиме работата на овие технологии. Не смееме да дозволиме комерцијален пазар за нуклеарно оружје“, а Pegaz е нуклеарно оружје против кое не можеме да се заштитиме“, рече Сноуден.

Слични содржини