Славниот фудбалер Дејвид Бекам беше иницијатор на трендот за фарбање на мажи плаво во текот на 90-тите години на минатиот век.
По толку многу години, Бекам се врати во неговиот стил од деведесеттите години и ја обели косата, а истото го направија и неговите наследници.
Дејвид објави заедничко селфи на својот Инстаграм профил, кое сега има повеќе од 1,6 милиони лајкови.
„Понекогаш момците треба да се сетат кој прв го стори тоа во 90-тите. Но, според изразите на лицето, тие не се многу задоволни “, напиша поранешниот фудбалер во описот на фотографијата, и на шега додаде:
„Не грижете се, ќе исчезне за неколку недели“.